Проектот Energy Wise го поддржува руралниот туризам во Скопскиот регион преку промоција на обновливи извори на енергија (ОИЕ) и енергетска ефикасност (ЕЕ). Преку обуки, практични алатки и вклучување на заедницата, проектот има цел да ги зајакне локалните туристички бизниси, младите и жените за примена на одржливи практики и градење отпорност кон климатските промени.
Имплементацијата започна во февруари и ќе трае до декември 2026 година. Проектот го спроведува Центарот за одржлив развој АЛКА во партнерство со Фондација Албиз.
Проектот се реализира во рамки на програмата BOOST Balkans, со поддршка од ALDA и AFD.
