Советот на донатори на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз на 31 март оваа година ја одржа првата редовна седница.
На седницата, членовите на Советот на донатори го предложија и избраа новиот претседател на Советот на донатори на Фондацијата Албиз, г. Меџаит Шаини, сопственик на компанијата Tемпо Профил 99, за периодот 2026-2028. Досегашниот претседател, г. Бајрам Имери, сопственик на компанијата Ефтинија Импекс, беше избран за потпретседател на Советот на донатори.
Фондацијата Албиз изразува искрена благодарност за посветеноста, поддршката и ангажманот на досегашниот претседател Бајрам Имери. Му посакуваме успех на претседателот и потпретседателот во нивните нови обврски, со уверување дека заедничката работа ќе продолжи да носи големи резултати.