Во рамки на манифестацијата „Поетска вечер“, Фондацијата Албиз објавува литературен конкурс за поезија, наменет за млади кои сакаат да ја изразат својата креативност преку поетската уметност.
Критериуми за аплицирање:
Право на учество имаат млади на возраст од 15 до 29 години.
Поезиите со кои се конкурира треба да бидат оригинални дела на младите автори. Секој плагијат ќе биде дисквалификуван.
Секој автор може да конкурира само со една поезија.
Професионалното жири ќе го изврши изборот на поезиите кои ќе бидат презентирани за време на Поетската вечер.
Секој учесник, доколку е еден од избраните, треба да биде присутен на Поетската вечер.
По тој повод, ќе бидат прогласени добитниците на четирите награди, од кои три награди ќе ги додели жирито, а една ќе биде награда од публиката за најдобра интерпретација.
Вредноста на првата награда изнесува 5.000 денари, на втората награда 4.000 денари, на третата награда 3.000 денари, додека вредноста на наградата од публиката изнесува 3.000 денари.
Заинтересираните за учество треба да ги испратат своите творби најдоцна до 25 март 2026 година, преку следниот формулар:
https://docs.google.com/forms/d/1aJoKg-uv8C2GpL-GDA0MSaXKr4ZWLWYkedbxSlu419c/edit