Фондацијата за развој на образованието и културата АЛБИЗ објавува
К О Н К У Р С
за доделување 10 награди за дипломирани студенти во текот на 2025 година

I. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Право на аплицирање на овој конкурс имаат студентите кои го завршиле првиот циклус на студии — додипломски студии — на некој од државните универзитети во Република Северна Македонија, Универзитетот на Југоисточна Европа, како и Меѓународниот балкански универзитет, на некој од следните факултети:
• Архитектонски факултет;
• Градежен факултет;
• Машински факултет;
• Факултет за медицински науки;
• Природно-математички факултет;
• Технолошко-металуршки факултет;
• Факултет за електротехника и информациски технологии;
• Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство;
• Фармацевтски факултет;
• Факултет за применети науки;
• Факултет за современи науки и технологии;
• Факултет за земјоделски науки и храна.

II. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
1. Да бидат државјани на Република Северна Македонија.
2. Просечната оценка при дипломирањето да биде над 9.0.
3. Да имаат дипломирано во периодот јануари–декември 2025 година.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРСОТ ЗА НАГРАДИ
1. Формулар за аплицирање – се пополнува онлајн.
2. Потврда за завршен прв циклус на студии или диплома.
3. Копија од документ за идентификација — лична карта или пасош.

IV. ВРЕДНОСТ НА НАГРАДАТА И НАЧИН НА ИСПЛАТА
Вредноста на наградата изнесува 61.500,00 денари.
Исплатата на наградата се врши еднократно.

V. МЕСТО И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Аплицирањето за конкурсот за награда се врши онлајн на следниот линк:
https://forms.gle/rBfUwZF6ontebpWd8

Апликациите се поднесуваат во следниот рок:
од 08.01.2026 година, четврток, до 29.01.2026 година, четврток.
Кандидатите при онлајн аплицирањето треба да ги прикачат и потребните документи за аплицирање.
Објавувањето на резултатите ќе се изврши во канцеларијата на Фондацијата Албиз, на официјалната веб-страница
www.albiz.org.mk, како и на www.facebook.com/albizfoundation.
За подетални информации можете да нè контактирате на тел. 02 2057 632 или на е-пошта: info@albiz.org.mk, од 08:00 до 16:00 часот.

Категории Вести