Врз основа на конкурсот за стипендии за академската 2025/2026 година, Фондацијата Албиз ја објавува листата на корисници на стипендија во програмата „Стипендии за студенти за академската 2025/26 година“.
По разгледувањето и оценувањето на сите апликации од страна на Комисијата за стипендии, Фондацијата Албиз ги објавува добитниците на конкурсот во листата подолу.
КЛИКНЕТЕ ТУКА за да ја преземете листата на 175 добитници на конкурсот за стипендии за студенти за академската 2025/26 година.
ПОЈАСНУВАЊЕ!
Студентите добитници ќе бидат контактирани од Фондацијата Албиз за потпишување на договорот за стипендија и за другите административни процедури.
На денот определен за потпишување на договорот, студентите треба да ги поседуваат следните документи:
• документ за идентификација;
• копија од трансакциска сметка.
Добитниците треба да бидат присутни на датумот на кој се определени за потпишување на договорот. Во спротивно, го губат правото на стипендија.
ПОЈАСНУВАЊЕ!
СТУДЕНТИТЕ КОИ СЕ КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИЈА ОД ДРУГА ИНСТИТУЦИЈА, ЌЕ ГО ИЗГУБАТ ПРАВОТО НА СТИПЕНДИЈА ОД ФОНДАЦИЈАТА АЛБИЗ, КАКО ШТО БЕШЕ НАЈАВЕНО ВО КОНКУРСОТ.