Октомври е Mесец за подигање на свеста за ракот на дојка, со цел да се зголеми вниманието и поддршката за свесност, рано откривање, лекување и грижа за оваа болест. Фондацијата Албиз со денешниот настан имаше за цел да сподели информации за здравјето на дојката, како и да ја подигне свеста за превенција и рано откривање на рак на дојка кај жените и девојчињата.
Денес ни се придружија и двајца специјалисти за семејна медицина, д-р Сефијан Ферати Белчишта и д-р Емел Аземи Муртезани, кои зборуваа за раните симптоми и важноста на ехографија и мамографијата.
Посебна благодарност до г-ѓа Мејлан Амети од Скопје, која храбро ја сподели својата инспиративна приказна за триумфот
Ние сме дел од оваа заедничка борба!