Фондацијата АЛБИЗ организира професионален курс по кроење и шиење, наменет за жени на возраст од 20 до 45 години. Овој курс има за цел економски да ги зајакне жените и девојките, преку обезбедување напредни знаења и практични вештини за самовработување.

Содржина на курсот:

65 часа пракса во техниките на кроење
35 часа теорија за основни и напредни концепти од областа
На крајот од курсот, на сите учесници ќе им биде доделен официјален сертификат за учество, кој може да се користи како доказ за стекнатите вештини и за можности за вработување.

Зошто да го изберете овој курс?

Професионална и структурирана обука
Поддршка за развој на практични и теоретски вештини
Можности за самовработување и зголемување на професионалната самодоверба
Курсот е бесплатен за сите учесници
Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да аплицираат преку овој линк за пријавување или физички во канцелариите на Фондацијата Албиз, во Сарај.

Рокот за аплицирање е од 20 јуни до 4 јули, до 16:00 часот.

Категории Вести