48 часа иновација, креативност и предизвик – Хакатон за иновативни апликации за урбан живот 2024!
Два дена, 15 тима и стотици часови кодирање со една цел – да го направиме Тетово поиновативно!
Фондацијата Албиз, во соработка со Општина Тетово, го организираше најголемиот технолошки предизвик на годината, каде најкреативните млади развија дигитални решенија за градот.
После еден интензивен натпревар, 4 најдобри идеи триумфираа, освојувајќи по 10.000 ЕВРА за да го реализираат својот концепт:
• Меритон Ибраими, Албан Ибраими, Елира Абдурамани, Сазан Илази – ParkSense
• iSolve – Дигитален асистент за граѓаните
• Аќим Илјази, Асри Нухи, Кренар Хусеини, Нешат Ајрули – Е-платформа за пријавување
• Digital School – Е-Инспектор
Овој Хакатон уште еднаш го докажа извонредниот потенцијал на нашите млади! Секој учесник даде значаен придонес, секоја идеја донесе нова перспектива, а секој ред кодирање беше чекор кон иднината.
Посебна благодарност до менторите кои ги насочуваа учесниците и до комисијата за евалуација за нивната посветеност.
Проектот „Иновативни дигитални општински решенија“ е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија
Тетово, град на иднината – во чекор со дигитализацијата!

 

Категории Вести Настани