Инаугурирани новите простории на ОУ „Дитурија“ во Сарај
Денеска, во присуство на бројни гости, донатори и поддржувачи на образованието, со свечена програма подготвена од учениците, свечено беа инаугурирани новите простори на ОУ „Дитурија“ во Сарај.
Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз со помош на приватните компании успешно ја заврши изградбата на новите простории на ова училиште, овозможувајќи подобри услови за образовниот развој на децата.
Оваа најнова инвестиција опфаќа изградба на шест нови училници, кои ќе служат не само за редовна настава (3 паралелки), туку и за поддршка на децата со посебни потреби, вклучувајќи сензорна соба и училница за дневен престој. Вкупната вредност на проектот е 250.000 евра.
На присутните им се обратија г. Бесир Дерњани, извршен директор на Фондацијата Албиз, г. Илас Весели, градоначалникот на општина Сарај, г. Меџаит Шаини, еден од донаторите на оваа иницијатива, и г-ѓа Фатиме Фета, директорка на училиштето.
Фондацијата Албиз во текот на изминатите години значително придонесе за реновирање и модернизација на образовните институции, создавајќи подобри услови за образованието на новите генерации. Оваа значајна иницијатива е пример за успешната соработка меѓу приватниот и граѓанскиот сектор, истакнувајќи ја посветеноста за образованието и еднаквите можности.

Категории Вести Настани