Промовирана XIV генерација стипендисти!
На 19 февруари 2025 година, на свечена вечер со пријателите на Фондацијата Албиз во Македонскиот народен театар, Фондацијата Албиз им оддаде почит на студентите, добитници на стипендија за академската 2024/2025 година.
Во текот на вечерта беа доделени и награди на 15 дипломирани студенти со просек над 9 за нивниот академски успех во текот на 2024 година, во природните и техничките науки.
Во својот поздравен говор, г. Бесир Дерњани, извршен директор на Фондацијата Албиз, истакна дека „Поддршката на младите преку стипендии и професионални можности е еден од најважните начини за градење одржлива и успешна иднина за нашата земја. Фондацијата Албиз продолжува да биде мост помеѓу образованието и пазарот на труд, создавајќи нови можности за студентите и зајакнување на нивната иднина.“
„Почитувани студенти, вие сте надежта и енергијата што го води патот кон посветла иднина. Не престанувајте да сонувате, работете напорно и чекорете самоуверено кон успехот што ве очекува. Останувам посветен на поддршката на образованието и младите, бидејќи блескавата иднина на оваа земја е во ваши раце!“, истакна г. Изет Меџити, прв вицепремиер на Владата на СРМ.
Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, г. Менди Ќура истакна дека инвестирањето во образованието и младиот кадар е клучот за економскиот и социјалниот развој на општеството, поддржувајќи иницијативи кои го промовираат образованието и развојот на младите.
Исто така, присутните ги поздравија и г-ѓа. Рејхан Сулејман во име на Советот на донатори на Фондацијата Албиз, г. Таип Јакупи и г. Џемаил Даути, претставници на Советот на донатори. Тие ја истакнаа нивната посветеност и поддршка за развивање можности за студентите и младите.
Посебна благодарност до сите поддржувачи и донатори, без кои оваа програма не би била возможна!