По еден месец ангажман во работна атмосфера, заврши Програмата за практикантска работа за студенти организирана од Фондацијата Албиз.
Програмата им овозможи да стекнат нови искуства, знаења и да се дружат. Студентите имаа можност одблизу да се запознаат со работните процеси на професијата што ќе ја работат во иднина.
За Фондацијата Албиз, инвестирањето во развојот на младите луѓе е инвестиција во нивната иднина и иднината на општеството.
Им се заблагодаруваме на компаниите за соработката и дадената поддршка.

Категории Вести Настани