Денес, Фондацијата Албиз, во рамките на културно-спортската платформа, го одбележа завршувањето на 10-тото издание на Училишната лига во мал фудбал, кое се одржа во спортската сала на ОУ „Дитурија“ во Сарај.

Во текот на целиот турнир, учениците покажаа натпреварувачки дух и соработка, промовирајќи го спортот како здрав начин на живот и зајакнувајќи ги социјалните врски меѓу нив – важна придобивка од социјализацијата преку спортски активности.

Победниците на ова издание се:

Прво место – ОУ „Дитурија“ – Сарај
Второ место – ОУ „Бајрам Шабани“ – Кондово
Трето место – ОУ „Дрита“ – Рашче

Најдобар стрелец – Фуркан Бектеши од ОУ „Дитурија“
Најдобар голман – Мухамет Исени од ОУ „Бајрам Шабани“

Фондацијата „Албиз“ ќе продолжи да ги поддржува младите луѓе во идните спортски активности, промовирајќи инклузија, здравје и градење обединети заедници.

Категории Вести Настани