Во партнерство помеѓу Центарот за одржлив развој ALKA и Фондацијата Албиз, активностите во рамки на проектот Energy Wise се одвиваат успешно.
Започнавме со фазата на почетна анализа, при што ги проценуваме практиките за обновлива енергија и енергетска ефикасност кај руралните туристички чинители во Скопскиот плански регион. Овој процес вклучува теренски посети, интервјуа и анкети со цел подобро разбирање на постојната состојба и можностите за унапредување.
Проектот е дел од програмата BOOST, поддржана од ALDA и AFD.
