Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз објавува
К О Н К У Р С
за доделување 175 стипендии за студенти за академската 2025/2026 година
- НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Право на аплицирање на овој конкурс имаат студентите од прв циклус на студии — додипломски студии — кои студираат на некој од државните универзитети во Република Северна Македонија, Универзитетот на Југоисточна Европа, како и Меѓународниот балкански универзитет, на некој од следните факултети:
- Архитектонски факултет;
- Градежен факултет;
- Економски факултет;
- Машински факултет;
- Факултет за медицински науки;
- Педагошки факултет;
- Правен факултет;
- Природно-математички факултет;
- Стоматолошки факултет;
- Технолошко-металуршки факултет;
- Факултет за ветеринарна медицина;
- Факултет за електротехника и информациски технологии;
- Факултет за земјоделски науки и храна;
- Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство;
- Факултет за физичко образование, спорт и здравје;
- Фармацевтски факултет;
- Филозофски факултет;
- Филолошки факултет;
- Шумарски факултет;
- Факултет за бизнис-администрација;
- Факултет за применети науки;
- Факултет за современи науки и технологии;
- Факултет за јазици, култури и комуникација;
- Факултет за јавна администрација и политички науки;
- Факултет за исламски науки;
- Факултет за физичка култура;
- и други факултети кои не се опфатени во листата, а се во рамки на горенаведените универзитети.
- КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- Да бидат студенти од II, III, IV, V и VI година;
- Да бидат редовни студенти;
- Да немаат повторувано година во текот на студирањето;
- Да не се корисници на стипендија или кредит од друга институција или претпријатие;
- Да бидат државјани на Република Северна Македонија.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ
- Формулар за аплицирање — се добива во Фондацијата или се презема онлајн;
- Потврда за запишан семестар за академската 2025/2026 година;
- Потврда за оценки, транскрипта или копија од индекс, каде што може да се видат сите оценки;
- Документи за семејниот социјален статус:
- потврда од работодавач за вработени родители/старатели;
- потврда од Агенцијата за вработување за невработени родители/старатели;
- пензиски чек за пензионирани членови — Фонд за пензиско осигурување;
- чек за социјална помош — депозитна банка;
- за студенти без родители/еден родител — извод од матична книга на умрените, издаден од Управата за водење на матичните книги при соодветната општина;
- Потврда од Управата за јавни приходи за двајцата родители/старатели;
- Копија од лична карта;
- Копија од извод од матична книга на родените.
- ВРЕДНОСТ НА СТИПЕНДИЈАТА И НАЧИН НА ИСПЛАТА
Вредноста на стипендијата за академската 2025/2026 година ќе изнесува 6.000,00 денари.
Исплатата на стипендиите ќе се реализира на рати, во текот на академската 2025/2026 година, односно за период од 9 месеци, колку што трае академската година.
- МЕСТО И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Апликацијата и потребните документи кандидатите треба да ги достават во канцеларијата на Фондацијата АЛБИЗ, на адреса: ул. 20, бр. 97, Сарај – Скопје.
Апликациите се поднесуваат во следниот рок:
од 14.10.2025 година, вторник, до 20.11.2025 година, четврток, до 16:00 часот.
При доставувањето на документите, кандидатите треба да имаат со себе лична карта или друг документ за идентификација.
Објавувањето на резултатите ќе се изврши на официјалната веб-страница www.albiz.org.mk, како и на www.facebook.com/albizfoundation.
- ПОЈАСНУВАЊЕ
- Потребната документација за аплицирање треба лично да ја достави самиот кандидат, во спротивно нема да биде прифатена;
- Секое лице кое ќе конкурира ќе добие потврда, односно број на досие. Студентите со бројот на досие ќе се идентификуваат во сите фази утврдени за избор на стипендисти. Бројот на апликацијата задолжително треба да се чува до завршувањето на конкурсот;
- Некомплетните апликации, односно документите што се некомплетни или доставени со задоцнување, како и оние што не ги почитуваат роковите утврдени со конкурсот, нема да бидат прифатени;
- Доставените документи не се враќаат, туку остануваат во архивата на Фондацијата;
- Резултатите ќе бидат објавени со броеви на досиеја, а не со имиња.
За подетални информации можете да нè контактирате на тел. 02 2057 632 или на е-пошта: info@albiz.org.mk, од 08:00 до 16:00 часот.