Фондацијата за развој на образованието и културата АЛБИЗ објавува

КОНКУРС

За доделување на 10 награди на студенти кои дипломираат во текот на 2024 година

 

I. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

На овој конкурс имаат право да аплицираат студенти кои го завршиле првиот циклус (студии до диплома) на кој било од државните универзитети во Република Северна Македонија, Универзитетот на Југоисточна Европа, како и Меѓународниот балкански универзитет, на кој било од следниве факултети:

  • Архитектонски факултет;
  • Градежен факултет;
  • Машински факултет;
  • Факултет за медицински науки;
  • Факултет за математички и природни науки;
  • Технолошко-металуршки факултет;
  • Факултет за електротехника и информациски технологии;
  • Факултет за информатика и компјутерско инженерство;
  • Фармацевтски факултет;
  • Факултет за применети науки;
  • Факултет за современи науки и технологии;
  • Факултет за земјоделски и нутритивни науки;

 

II. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Да бидат државјани на Република Северна Македонија.

Да имаат оценка од дипломирањето над 9,0.

Дипломирал помеѓу јануари и декември 2024 година

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ

Формулар за апликација – пополнет онлајн

Потврда за завршување на прв циклус студии или диплома

Копија од кој било документ за идентификација (лична карта, пасош).

 

IV. ВРЕДНОСТ НА НАГРАДАТА И НАЧИН НА СПРОВЕДУВАЊЕ

Вредноста на наградата е 61.500,00 денари.

Исплатата на наградата е еднократна.

 

V. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Аплицирањето за конкурсот за награда се прави онлајн на следниот линк:

https://forms.gle/Ubihje1QEeTpYkZp7

Апликациите се поднесуваат во следниот рок:

од 10.01.2025 година (петок) до 10.02.2025 година (понеделник)

Кандидатите мора да ги приложат потребните документи за апликацијата за време на онлајн аплицирањето.

Објавувањето на резултатите ќе се изврши во канцеларијата на Фондацијата Албиз, на официјалната веб-страница www.albiz.org.mk и на www.facebook.com/albizfoundation.

За подетални информации, можете да не контактирате на тел. 02 2057 632 или преку е-пошта: info@albiz.org.mk, од 08:00-16:00 часот.

Категории Вести