Фондацијата Албиз отвора можности и перспективи за студентите во Северна Македонија, нудејќи програма за студентска пракса (практична работа за студенти) во просториите на компаниите-донатори на Фондацијата Албиз за апликанти од сите јавни и приватни универзитети.
I. КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
За да бидат подобни, студентите мора да ги исполнуваат следниве услови:
Да бидат редовни студенти;
Да бидат студенти во втора, трета и четврта година
II. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните страни мора да аплицираат онлајн со пополнување на официјалниот формулар преку линкот подолу:
🔗 Кликнете тука за да аплицирате
III. РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Апликациите се отворени од:
4 јули 2025 година (петок) до 15 јули 2025 година (вторник), 12:00 часот
IV. ФИНАНСИСКА НАДОМЕСТ
На студентите учесници ќе им биде обезбедена финансиска компензација од Фондацијата Албиз за покривање на патните трошоци и трошоците за храна. Плаќањата ќе се вршат преку банкарски трансфер на нивните лични сметки.