Во текот на месеците јули – септември 2025 година, Фондацијата Албиз реализирашеше активности во рамките на активноста за организирање на настани за соработка меѓу студентите и приватниот сектор, со цел создавање мостови помеѓу студентите и компаниите од различни сектори.
Проектниот тим одржа средби со компаниите Адријус, Даути Комерц, Ефтинја Импекс, Темпо Профили 99 и Комбо, при што претставниците ги презентираа своите програми за корпоративна општествена одговорност и можностите за вклучување на студентите во нивните организации. Студентите беа информирани за потребните компетенции, условите за практикантска работа и поддршката за нивното образование.
Овие активности создадоа први контакти меѓу студентите и приватниот сектор и поставија основа за идни соработки. Во наредниот период, активностите ќе продолжат со пет мрежни средби и две панел-дискусии, со цел понатамошно развивање на идеи и потенцијални партнерства.
Овој материјал е дел од Активноста „Организирање на настани за соработка меѓу студентите и приватниот сектор“, реализирана во рамките на проектот „Поддршка на студентските стипендии преку мобилизација на приватниот сектор“, имплементиран од Фондацијата Албиз и финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците.