Со здружување во оваа мисија, отвораме нови хоризонти за одржлив развој и напредок. Програмата за стипендии има за цел да ги поттикне и поддржи посветените и талентирани студенти, придонесувајќи кон создавањето на професионалците на иднината.
Мобилизацијата на бизнис-секторот претставува клучен фактор за поддршка на програмата за стипендии за академската 2025/26 година, во рамките на која ќе бидат обезбедени стипендии за 175 студенти. Придонесот на бизнис-заедницата игра значајна улога во унапредувањето на образовниот процес и во поттикнувањето на социо-економскиот развој на државата.
Овој постер е изработен како дел од активноста „Организирање на мини-кампања за мобилизација на приватниот сектор“, која се реализира во рамките на проектот „Поддршка на студентските стипендии преку мобилизација на приватниот сектор“, имплементиран од Фондацијата Албиз и финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците.