Магијата на зборот, силата на емоциите и страста на младите поети ѝ дадоа живот на сцената на IX издание на „Поетската вечер“ организирана од Фондацијата Албиз!
Вечер исполнета со стихови што ја допреа душата и создадоа незаборавни спомени за сите љубители на уметноста кои беа дел од поетската вечер.
Добитниците на IX издание на Поетската вечер се:
- Прво место – Ениса Рамадани со поезијата „ Со срце носено на ракавот “
- Второ место – Арѓира Елмази со поезијата „“
- Трето место – Зејнеп Рамадани со поезијата „Во еден агол од светот, каде нема пролет“
- Наградата од публиката за најдобра интерпретација му беше доделена на Анеса Ибраими со поезијата „Успеав“.
За изборот на поезии кои се натпреваруваа и добитниците на трите награди се погрижи комисијата составена од професорката Мерита Абази, публицистот Даут Даути и универзитетскиот професор Мустафа Ибрахими.