Во рамките на активноста за промоција на важноста на образованието за развој на општеството, во текот на октомври 2025 година, Фондацијата Албиз реализира циклус на настани посветени на приказни за успех на студенти добитници на стипендии, со цел зголемување на свеста за значењето на високото образование и поттикнување на поддршка од приватниот сектор. Во текот на овој месец беа презентирани три приказни за успех во три општини:

Дeбар – 10 октомври 2025 година, студентите од Дeбар често се соочуваат со поголеми потреби за финансиска поддршка, бидејќи мнозинството студира далеку од своето место на живеење, а економските предизвици влијаат директно на нивниот академски напредок.

Сарај – 14 октомври 2025 година, заедницата и локалниот бизнис покажаа подготвеност и отвореност да ги слушнат потребите на студентите, што рефлектира желба за идно соработка.

Гостивар – 16 октомври 2025 година, беше укажано на потенцијал за зајакнување на интеракцијата помеѓу студентите и приватниот сектор, со цел проширување на заедничките можности за поддршка и професионален развој.

На секој од овие настани учествуваа околу 20 студенти, поранешни стипендисти, претставници на образовни институции и приватниот сектор. Учесниците ги споделија своите искуства, предизвици и лични достигнувања, нагласувајќи ја трансформативната улога на образованието и финансиската поддршка во нивниот академски пат. Овие активности придонесоа за зголемување на јавната свест за важноста на инвестирање во младите и го зајакнаа дијалогот помеѓу заедницата, приватниот сектор и студентите.

Овој материјал е дел од проектот „Поддршка на студентските стипендии преку мобилизација на приватниот сектор“, имплементиран од Фондацијата Албиз и финансиски поддржан од Министерството за односи меѓу заедниците.

Категории Вести