Со успех се одржа Форумот и завршната конференција на проектот „Иновативни дигитални решенија во Општина Тетово“, реализиран од Фондацијата Албиз во партнерство со Општина Тетово.
Настанот собра претставници од општини од Европската Унија и Западен Балкан, претворајќи го Тетово во точка на средба на модерни идеи и иновации.
Два тематски панели со експерти и институционални претставници донесоа длабоки дискусии за иднината на дигитализацијата и јавните услуги.
На денешната конференција присуствуваа Амбасадорот на ЕУ во Скопје, г. Михалис Рокас, градоначалникот на Општина Тетово, г. Билал Касами, првиот заменик-министер, г. Беким Сали, министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, министерот за локална самоуправа, г. Златко Перински и извршната директорка на ЗЕЛС, г-ѓа Душица Перишиќ.
Овој форум претставува конкретен чекор кон модерна, ефикасна и дигитализирана администрација.