Фондацијата Албиз одбележува 15 години дејност
Вечерва во Скопје беше одбележана 15-годишнината од основањето на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз и промоцијата на петнаесеттата генерација на стипендисти. Започна пред петнаесет години како иницијатива заснована на општествена одговорност и верба дека инвестицијата во луѓето е најодржливата инвестиција.
Меѓу многубројните пријатели, донатори, претставници на јавни и државни институции, локалната самоуправа и граѓанските организации, присутен беше и заменик-премиерот Беким Сали.
Во текот на овој 15-годишен пат, Фондацијата Албиз се претвори во платформа за соработка помеѓу приватниот сектор, институциите и заедницата, градејќи јасни политики и долгорочни програми со влијание во образованието, културата, социјалниот и хуманитарниот развој. Во центарот на мисијата на Фондацијата Албиз отсекогаш бил човекот – особено младиот човек. Преку програмата за стипендии, Фондацијата Албиз поддржал над 500 ученици и повеќе од 2.200 студенти, обезбедувајќи им не само финансиска помош, туку и доверба, мотивација и реални можности за изградба на нивната иднина.
Фондацијата Албиз исто така била присутна таму каде што потребата била најголема – во поддршка на семејства со тешка социјална состојба, при справување со природни непогоди, во поддршка на образовни и здравствени институции, како и во промоција на културата и спортот како важни општествени вредности.
Фондацијата Албиз останува посветена и во годините што следуваат да биде доверлив партнер на заедницата и пример како соработката и општествената одговорност градат посилни општества.
15 години во служба на заедницата…