ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН/А АСИСТЕНТ/КА

Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз  го објавува следниот отворен повик за ангажирање на проектен/на асистент/ка кој е во рамки на проектот  ‘Оспособување за вработување и претприемништво’, подржан од Европската Комисија и Министерство на Финансии на Република Србија, Сектор за договарање и финансирање на ЕУ програми – Управен Орган на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија 2016-2020, број на договор 48-00-00164/2021-28-1.

Квалификации и работно искуство:

  • Високо образование во областа на општествените науки или друг соодветен факултет;
  • Познавање и искуство во спроведување на проекти;
  • Работно искуство на иста или слична позиција;
  • Познавање на административна и канцелариска работа;
  • Познавање и користење на апликациите на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook, PowerPoint);
  • Одлично познавање на англиски јазик (зборување и пишување);
  • Силни административни и организациски вештини, како и флексибилен пристап за работа;

Работни задачи:

  • Kоординација на проектните активности;
  • Комуниникација со проектните партнери и други соработници;
  • Организирање на обуки и сесии за НЕТ група;
  • Подготовка на извештаи за потребите на проектот;
  • Да ја изврши својата работа совесно, професионално и навремено, согласно вообичаените и прифатените стандарди за овој вид на ангажман;
  • Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор
  • Теренска работа
  • Тековно канцелариско работење

Работниот однос ќе трае од 14.08.2023 до 30.06.2024, а работното време ќе изнесува пола работно време (од понеделник до петок).

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават апликација составена од кратка биографија (CV) во word или pdf формат, пракачена на самиот e-mail. Рокот за пријавување е 24.07.2023 до 07.08.2023 до 16:00 часот на следната е-маил адреса: info@albiz.org.mk со наслов: „За проектен асистент“

Апликациите кои нема да бидат испратени во соодветниот формат во наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Постапка за избор на кандидат:

Апликациите најнапред ќе подлежат на административна проверка која опфаќа проверка на навременоста и соодветниот формат на апликациите. По разгледување на доставените апликации кандидатите со најдобро оценети апликации ќе бидат повикани на интервју за кое ќе бидат навремено известени, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција.

Повеќе детали за овој повик можете да најдете во следниот документ. 

Kategoritë Lajme